општествен (прид.) - надмоќ (имн.)

Можеби на женственоста ѝ недостига општествена сериозност, но таа не е лишена од страст и од жестина, ниту, пак, од доминантност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Може да добие облик на копнеж за богатство и за општествена повластеност, но нејзин белег е стремежот да се оствари позадоволителен начин на живеење, живот во префинетост, во углед и во задоволство; не се стреми кон општествена надмоќ заради самата општествена надмоќ. ‌Ако машкиот геј-естетизам поттикнува идентификација со повисоките сталежи, тоа е затоа што машката геј-култура го претпочита задоволството повеќе од употребноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што бргу објаснува Бартлет, нагорната општествена подвижност и самата е метафора.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но таа нагорна општествена подвижност не е нужно буквална.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Без да се обидува да бара машка моќ и привилегија и, така, без да изгледа дека поприма мажествени родови одлики (за разлика, во таа смисла, од некои политичарки и адвокатки или директорки и други жени на положба што има некаков авторитет), дивите, сепак, успеваат да остварат положба на општествена надмоќ.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И покрај целата нејзина несериозност, таа задржала елемент на опасност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)