општествен (прид.) - дисквалификација (имн.)

Таа постапка е чиста спротивност на машката геј-културна практика што ја изучувавме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Третирајќи го кампот како свој стрејт-маж, како топовско месо за својата иронија – обидувајќи се да произведе кампска верзија на кампот, така што ја презапоседнува запоседнатоста на Милдред Пирс од страна на машката геј-култура – стрејтерската хипстерска култура ја претвора геј-културната практика во средство за афирмирање на сопствениот идентитет, односно антиидентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нивната цел, најпосле, била претпазливо да ја спречат општествената дисквалификација на своето страдање и да избегнат да бидат сметани за само патетични, така што ќе си го повлечат секој повик на сериозен третман кој и онака им е ускратен, додека истовремено ја соголуваат неумоливата орност на хетеросексуалните тактики во кои се побркуваат задолжителните општествени улоги со суштини и кои одбиваат да ја признаат личната автентичност како културна изведба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо да присвојува и да настранува главнотековни културни предмети, стрејтерското хипстерство ужива да презапоседнува малцински културни облици, заземајќи некои автентично настрани или дисидентски „симболи и икони“ и служејќи се со нив за да си го консолидира сопствениот идентитет, истовремено изземајќи се – благодарение на својата хетеросексуална повластеност и на својата шизичка свесност – од општествените дисквалификации што, како прво, воопшто и ги побудиле тие антисоцијални облици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Спотот на СЈ го фетишизира самиот камп и го втемелува сопствениот културен идентитет, или антиидентитет, така што се угледува на кампот барајќи автентичност, се повикува на него како автентична контракултурна естетска практика, со која потоа хипстерите можат да иронизираат и на тој начин да ја деавтентизираат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)