општ (прид.) - и (сврз.)

Но при сето тоа, само едно не можеше да се совпадне: меѓу сите нас не можеше да постои едно општо и заедничко другарство.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Долго време членовите од еден народ треба да се занесуваат од едни исти народни идеали, општи и свети за сите членови на народот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Народните идеали не може да бидат реализирани сите одеднаш, но нивното реализирање од треба да биде само резултат на општата и самопрегорна народна работа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Шифрантот Иваз уште од самото мое влегување во амбасадата ме задолжи со редица општи и тајни прописи кои морав само јас да ги знам и да ги чувам во мојот челичен сеф, заклучен со шифра што ја знаев само јас (а можеби и шифрантот).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако неколку или сите пропаганди се спротивстават на тие наши барања и настојуваат во училиштата и црквите да се изучуваат и поминуваат само јазиците на пропагандите, тогаш да се преземат општи и енергични мерки против сите и религиозни и национални пропаганди во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)