општ (прид.) - состојба (имн.)

Резултат на свесна политика се дури и повластените групи да се одржуваат блиску до работ на немаштијата, затоа што општата состојба на недостиг го зголемува значењето на малите привилегии и така ја увеличува разликата помеѓу една и друга група.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мнозина од вас знаат дека нема метро со кое да се измери височината на татковската гордост од првороденецот која расте и ден-денес барабар со нашата загриженост за економската криза и општите состојби.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
На никаков начин не се чувствувам одговорен за општата состојба.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ме заболе за општата состојба, ако сакаш. Се чуствувам одговорен само за себе.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Прво погледна во зениците на нејзините очи, бидејќи како лекар знаеше дека тие се огледало на општата состојба на пациентот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)