определен (прид.) - временски (прид.)

Имено, предвидено е тие да можат да бидат издадени како: а) лична работна дозвола, која се издава за определен временски период до една или до три години или на неопределено време; б) дозвола за вработување, која се издава за период до една година, ако поинаку не е утврдено со овој закон; и в) дозвола за работа, која се издава согласно со различни временски ограничувања, во зависност од целта заради која е издадена (чл. 8).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Надоместокот не може да изнесува повеќе од 80 % oд просечната месечна нето-плата по работник во Републиката, објавена за последниот месец (изменет чл. 68, ЗВОСН).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Процесот на создавањето на системот на писмо не треба да се претставува како резултат на колективно творештво, т.е. на начин, како некое лице во определен временски период создава определено количество на знаци, кон кои некое друго лице додава наредно количество на знаци итн., сѐ додека не настане графички систем, достатен за изразување на фонетските единици на конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Па така, побарувањата на повре- мени давања кои стасуваат годишно или во пократки определени временски периоди (т.н.„повремени побарувања“) – застаруваат за три години од страсноста на секое одделно давање (чл. 361, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Зад секој алфабетски систем на писмо стои единствен создавач, кој според од него одбележан план и врз основа на систем преземен од писмото-прототип го создава новото писмо за својот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Времето за кое се исплатува паричниот надоместок зависи од времето за кое невработеното лице било осигурено во случај на невработеност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)