определен (прид.) - исклучок (имн.)

Така, нето платите за месец јули 2001 година работодавецот и натаму ги исплатува до висината на правото што го утврдил за последниот месец за кој извршил исплата согласно со овој закон во рамките на обезбедените средства и зголемено најмногу до 50% од остварената стапка на пораст на трошоците на живот во тековниот во однос на претходниот месец, со определени исклучоци предвидени во законот (чл. 2-4, ЗИДЗИПРМ/01).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со законот од 2007 година странците кои согласно одредбите на овој закон можат да се вработат, самовработат или да работат во Република Македонија задолжително треба да поседуваат дозвола за работа и регулиран престој во државата, додека 112 лицето задолжено да ја регистрира нивната работа, истата треба да ја регистрира како работа на странец, согласно со одредбите на овој р закон, со определени исклучоци кои се однесуваат на извршување на услуги врз база на потврда за работа, прецизирани со законот, а кои се од краткорочен карактер (чл. 4, ЗВРС).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)