оправдан (прид.) - причина (имн.)

Но, четири години подоцна, колку што време беше потребно законодавецот да сфати дека погрешил, со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, оваа чудна и нелогична законска одредба комплетно беше избришана (чл. 27, ЗИДЗРО/окт.09); в) за прв пат се воведоа и одредби за престанокот на дејствувањето на овие асоцијации, и тоа поради следниве правни основи: (1) ако така одлучи извршното тело на синдикатот, односно здружението на работодавачите, кое со статутот е овластено да одлучува за престанок; (2) ако од одржувањето на седницата на највисокото извршно тело на асоцијацијата, без посебно важни и оправдани причини, поминало двојно повеќе време од времето со кое со статутот е определено дека таква седница мора да се одржи; (3) ако бројот на членовите на синдикатот, односно здружението се намали под бројот определен со овој закон за основање на синдикатот, односно здружението; 31 и (4) ако му е изречена забрана на дејствување на синдикатот т.е. на здружението, со одлука на редовниот суд. 32 Постапката за забрана на дејствувањето на асоцијацијата се покренува на барање на органот овластен за регистрација или, пак, надлежниот суд. 33 Изреката на правосилната пресуда за забрана на дејствувањето на синдикатот, односно здружението, се објавува во Службен весник на РМ (чл. 201-202, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Судот може да го одложи рочиштето кога тоа е потребно заради изведување на докази или кога за тоа постојат други оправдани причини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Што се однесува до другите промени во сферата на престанокот на работниот однос по пат на отказ, во периодот 1993-2003 беа воведени и следните три подобрувања: •  прво, давањето писмено образложение за причините за отказот стана задолжително (чл. 5, ЗИДЗРО/97); •  второ, во април 2003 е пропишано дека, во случај работникот да поднел приговор против одлуката за отказ, тој ќе има суспензивно дејство т.е. ќе го одложи извршувањето на одлуката за отказ, сѐ до донесувањето на конечната одлука по приговорот (чл. 8, ЗИДЗРО/апр.03); и •  трето, исто така во април 2003, должината на времето за задолжителното известување на работодавецот, дека работникот е отсутен од работа поради болест или оправдани причини, е продолжена од 24 на 48 часа (чл. 7, ЗИДЗРО/апр.03).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, кога тужениот, во одговорот на тужбата, не го оспорил тужбеното барање, или нема да дојде на подготвителното рочиште до неговото заклучување, или на првото рочиште за главната расправа ако подготвително рочиште не е одржано или ако дојде на овие рочишта, но не сака да се впушти во расправање или се отстрани од рочиштето, а не го оспори тужбеното барање – ќе се донесе пресуда со која се усвојува тужбеното барање, ако се исполнети следниве услови, т.е. ако: 1) тужениот бил уредно повикан; 2) тужителот предложи донесување на пресуда поради изостанок; 3) тужениот одговорот на тужба или со друг поднесок не го оспорил тужбеното барање; 4) основаноста на тужбеното барање произлегува од фактите наведени во тужбата; 5) фактите врз кои се заснова тужбеното барање не се во спротивност со доказите што самиот тужител ги поднел или со факти што се општопознати и 6) не постојат општопознати околности од кои произлегува дека тужениот го спречиле оправдани причини да дојде на рочиштето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако тужениот не поднесе одговор на тужбата во определениот рок, судот ќе донесе пресуда со која го усвојува тужбеното барање [т.н. пресуда поради неподнесување на одговор на тужба], но само ако бидат исполнети следниве услови: 1) на тужениот тужбата и поканата за давање одговор на тужба му биле уредно доставени; 2) основаноста на тужбеното барање произлегува од фактите наведени во тужбата; 3) фактите врз кои се заснова тужбеното барање не се во спротивност со доказите кои тужителот ги поднел или со 294 општопознатите факти и 4) не постојат општопознати околности од кои произлегува дека тужениот од оправдани причини бил спречен да поднесе одговор на тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Против решението на судот со кое се одлучува по барањето за одлагање на рочиштето, не е дозволена посебна жалба (чл. 108, ЗПП). 5.  Процесноправниот институт „контумациона пресуда“ кај нас е регулирана во ЗПП под називот пресуда поради изостанок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)