опасен (прид.) - конотација (имн.)

И така се договорија конечно да направат листа од сто османски збора со опасна конотација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски имаше извршено и свои истражувања за душманлакот, зборот со далечно персиско потекло, којшто минувајќи во Отоманската Османската Империја, кај различни народи добиваше и различни значења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко беше за тоа да се трага по примирје меѓу јазиците, а Климент Камилски бараше во тоа примирје репарација на штетите, односно отстранување на зборовите со опасна конотација за потомците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секој од нив двајцата своите теоретски позиции настојуваше да ги брани со зборовите со опасна конотација по кои трагаа по нивните речници, книги, записи, енциклопедии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко и Камилски, макар формирани во различни струки и со различни мајчини јазици, првиот правник, вториот професор по педагогија, сепак остануваа информирани автодидакти во нивната мисија да се справат со туѓите зборови во нивните мајчини јазици, и посебно со зборовите со опасна конотација од османскотурскиот период.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со оваа мисла Климент Камилски ја напушти Татковата библиотека, готов да трага по најкусите патишта меѓу книгите за јазиците, поранешните и новите, донесени од Париз: како да постапи во заедничкиот наум со Татко да ги ослободат нивните мајчини јазици од зборовите од османскотурско- персиско-арапско потекло, посебно тие со опасна конотација за нивните потомци на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
LV Ориентализмот душманлак беше повод помеѓу Татко и Климент Камилски да се разгори нова дебата, нивната потрага да добие нов тек, односно да се врати на почетната замисла да се трага само по заемките со, наводно, опасна конотација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но јас би бил за тоа ние да се ослободиме од османизмите со опасна конотација за иднината на нашите деца, од нашите мајчини јазици, ти од албанскиот, а јас од македонскиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но тој како да одеше подалеку од своите мисловни хоризонти, вовлекувајќи се во нови интелектуални загатки, чувствуваше дека големата дебата што ја отворија со својот пријател да ги бележат зборовите со опасна конотација, одеше многу подалеку од замислената мисија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)