опасен (прид.) - збор (имн.)

И Климент Камилски беше свесен дека јазиците биле и може да бидат бојно поле на многу народи и дека со чистењето само на опасните зборови би можело да дојде до спасување на народите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сакаше да провери уште некои речници пред да ја состави листата на првите десет опасни зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако Камилски срдечно се поздрави со Татко, наврапито и внимателно го отвори волшебното жолто куферче, ги положи речниците врз масата, со тоа давајќи му на знаење на Татко дека е веднаш готов да започнат со ловот на опасните зборови, небаре тие ќе исчезнеа засекогаш без да ја доживеат замислената осуда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој сметаше дека со тоа требаше целосно да го запознае Климент Камилски пред да ја започнат операцијата опасни зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски кој дотогаш замислено и внимателно следеше, нешто запишуваше, одеднаш живна и го прекина Татко: Ете зошто треба да побрзаме со нашиот проект, ние конечно ќе треба да се ослободиме од опасните зборови во нашите балкански јазици кои потсетуваат на мрачното минато?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Требаше на крајот да ја предадат листата, на опасните зборови од кои требаше да се ослободат не само нивните туку и другите балкански јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски зачудено го погледна Татко, не сакаше да им верува на неговите зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ти можеше да ги предложиш твоите пет опасни зборови, а потоа и јас моите пет неопасни зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој набргу ги сподели своите нови дилеми, откако Камилски ги изнесе резултатите од својот последен извештај: Колку и да работиме, внесено и вредно, ние тешко ќе стигнеме до нашата вистинска цел: да минеме низ јазичното чистилиште на сите турцизми во балканските јазици и да ја утврдиме листата на стоте (без)опасни зборови?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Заедничките османскотурски заемки произлегуваат и од заедничкиот јазичен сојуз којшто се формирал помеѓу балканските јазици во текот на пет векови. Со старите заемки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овие книги ги разменуваа и по читањето ги коментираа во меѓусебните средби пред да ја започнат мисијата на утврдувањето на опасните зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така е ограничена и нашата моќ да ја промениме судбината на јазикот, дури и со пресметување со опасни зборови?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Конечно Камилски предложи овој збор да остане во листата на опасните зборови, од проста причина што тој никогаш не можеше да стане безопасен, како и да го толкуваа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Првин бараше зборови кои можеа да се најдат во толковна низа според сличност и дополнување на претходните, но, сепак, најпосле запре на зборовите: инает, севап, атер, рушвет и калауз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски до доцна во ноќта пребаруваше во своите речници и енциклопедии, книги и поранешни записи, за да ги одреди петте навистина опасни зборови, во продолжение на петте третирани, во утрешната средба со Татко која беше закажана кај него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога кон мугри допираа првите зраци светлина, Климент Камилски конечно го наполни куферчето со нужната литература да се бори со петте опасни зборови, и потоа подлегна, малку да се одмори, бргу го совлада сонот и во него немирен, продолжуваше да ја дополнува смислата на избраните зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во текот на потрагата се уверивме, јас посебно, дека нема опасни зборови, туку нивна злоупотреба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)