оловен (прид.) - зрно (имн.)

Секое од тие шилести оловни зрна, што беа многу помалечки од врвот на неговиот малечок прст, при среќна околност би можело да му донесе по еден доста богат кус месо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гоце се поткрена. Еден куршум го боцна во градите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Дваесет огнени пушки згрмеа, дваесет жешки оловни зрна се забија во крв и месо.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кратко и силно потсвирнуваат над неговата глава оловни зрна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зборот „вашата смрт“, како оловно зрно го погоди тупотливото срце на Невена, а во срцето и надежта. Невестинската надеж.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)