окружен (прид.) - началник (имн.)

Тој ја запази и со неа војводува до пред три години, та дури еден од условите за предавање што му ги постави на окружниот началник во Битола беше тој: да му ја остави манлихерата како спомен и да се служи со неа во шумарската служба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И преку Илка Сукалов, кај кого сега навистина се прикри, иако не го сакаше и сега како едно време кога излезе комита, му ја соопшти својата желба за предавање на самиот окружен началник во Битола.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бино пак го покани сега нему да му се предаде како пред дванаесет тринаесет години што го канеше да му се предаде на мудурот, бидејќи сега тој седеше на тој стол, но тоа само го налути Јована, та за инает на Бина реши да се предаде, но не нему, ами направо на окружниот началник во Битола.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— И ете го, реши да се предаде на поголем од Бина и од наредникот, направо на окружниот началник.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)