одреден (прид.) - случај (имн.)

Во одредени случаи репликите се направени од друг уметник, но за време на животот на Дишан и со негово одобрување и авторизација (како што се делата во едицијата на редимејдите што ја изработи Артуро Шварц).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова може да биде ограничено во одредени случаи, односно Владата може да определи посебни мерки за ограничување на бројот на самовработени странци по поединечна дејност, ако зголемувањето на нивниот број би влијаел на порастот на домашната невработеност во одредената дејност (чл. 5).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Општо земено, терминот “реплика” треба да се користи за предмет направен со намера повторно да се изработи примерок на даден редимејд; предметот треба да биде одбран, или физички конструиран од самиот Дишан со намера за имитирање на изгледот на оригиналот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нели, кај секого од нас, се јавуваат моменти што не трпат одложување на одредена потреба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Поодредено, најефективниот начин да се критикуваат тековните описи на одредени случаи на потиснување на слабите како “нужно зло” (политичкиот еквивалент на “занемарлива аномалија”) е да се објасни токму зошто тоа всушност не е нужно, објаснувајќи како една специфична институционална промена би го елиминирала.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Освен до дипломатско - конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, во државата чиј државјанин е или во државата каде што тој престојува врз основа на дозвола за престој, се отвори можност барањето за издавање на работна дозвола странскиот државјанин да може да го поднесе и во АВРМ, која е должна по службена должност да обезбеди мислење од Министерството за внатрешни работи, освен во случаите кога странецот поседува: (1) дозвола за привремен престој врз основа на семејно обединување; (2) дозвола за привремен престој на член на потесното семејство на државјанин на РМ; (3) дозвола за привремен престој поради хуманитарни причини – жртва на трговија со луѓе и (4) лична карта за признаен бегалец, лична карта за лице под хуманитарна заштита и идентификациона исправа согласно со Законот за азил и привремена заштита (чл. 1 од ЗИДЗВРС/јул.12);64 б) се допрецизира и постапката за издавање на работна дозвола врз основа на барање на работодавач и на корисник на услуги, со 64 Закон за азил и привремена заштита, Сл.весник на РМ – 49/03, 66/07, 142/08, 146/09 и 166/12. 71 додавање на два нови става со кои се пропиша дека во одредени случаи (кога барањето за добивање на работна дозвола не се доставува до дипломатско – конзуларно претставништво на РМ во странство) барањето за добивање на работна дозвола може да се поднесе и подигне од АВРМ, која е должна да обезбеди мислење по службена должност од Министерството за внатрешни работи (чл. 2 од ЗИДЗВРС/јул.12). 3.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Можеби ( а зошто да не?) и службеникот во одредени случаи мора да постапи како обичниот граѓанин.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)