одмерен (прид.) - глас (имн.)

Не можеше ни да замисли дека овој човек со мазни образи, чисти раце, потстрижена коса, одмерен глас, може да потекнува од село.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А.А. не доцнеше, започна да говори со одмерен глас најмногу гледајќи во мене и очекувајќи само јас да реагирам: - Отсекогаш имало многу предрасуди и недоразбирања во врска со нашата земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А кога и тој седна, сега веќе не внимавајќи ни како седи ни дали му е одмерен гласот, почна отворено и грубо да им се заканува на тие таму, во Европа; дека нивните градови ќе ги претвори во урнатини, а нивните полиња во гробишта, дека...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)