одделен (прид.) - македонски (прид.)

И по сето гореречено ќе се најдат мнозина што ќе речат: Можеби вистина е дека ако немало досега македонска словенска народност, таа може да биде создадена од времето, особено од сегашните историски околности; вистина е оти Македонците по својот јазик не можат со право да бидат наречени ни Бугари ни Срби, ами се нешто одделно, т.е. претставуваат одделна етнографска единка, но пак – како ние сега можеме да се викаме Македонци и да создаваме одделна македонска народност, кога ние, нашите татковци, нашите дедовци и предедовци сме се викале Бугари?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
59. Зар е и возможно сега националното обединување на Македонците, кога во Македонија има многу, а не една националност, и кога нема една одделна македонска словенска нација?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа натера одново да се прегледа прашањето за народноста на Македонците и да се реши ни во полза на Бугарите, ни во полза на Србите, а во полза на одделна македонска народност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа теорија беше опасна за српските интереси во Македонија, зашто ќе ја повлечеше по себе согласноста на Србија да се образува одделна македонска држава и со тоа Србија не ќе добиеше ни еден дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само одделното македонско национално самосознание кај нас ни дава морално право да се бориме против барањето на малите балкански држави да се раздели нашата татковина и да се бориме против пропагандите што готват почва за дележ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа може да се направи откако ќе се одговори на главните приговори на нашите противници, со кои тие се мачат да покажат дека нема потреба за одделно македонско друштво и дека неговото формирање не е своевремено.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
58. Но се најдоа меѓу ланските членови лица што го наоѓаат за излишно постоењето на такво друштво, зашто немало одделна македонска народност во Македонија, а имало само српска и бугарска, и бидејќи во Петроград имало бугарско и српско студентско друштво, немало потреба за македонско.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А создавањето, редум со српскиот и бугарскиот, одделен македонски литературен јазик не е ли рамносилно со одделувањето на Македонците во одделна, ни српска ни бугарска, ами македонска словенска народност?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По смртта на Касандар во 297 г.пне. меѓусебните борби продолжиле, по што Македонија била поделена на три дела со кои владееле три одделни македонски династии: Со Македонија и поголемиот дел од античките градови-држави, владеела династијата Антигониди од 277 г.пне. се до 168 г.пне.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)