одделен (прид.) - звук (имн.)

Фонетските сегменти, фонетскиот збор, слог или одделен звук станува сигнатум на графичките знаци во системот на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така, во фонографските системи, писмото веќе корелира со говорот и како план на содржина во овие системи настапува фонетската страна на јазикот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Фонографски систем со знаци на писмо што изразуваат одделен слог се определува како силабографија и знаците на таквиот систем се силабограми.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И на крајот, фонографски систем со знаци на писмо што одразуваат одделни звуци се определува како алфабетски систем или алфабет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)