одговорен (прид.) - личност (имн.)

А мене ме изненади токму таа констатација: дека одговорни личности не ги споделувале неговите гледишта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и си замислив дека му го поставувам неизбежното прашање: „Дали навистина вие досега ниту еднаш не се посомневавте во своите наоди и тврдења?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, во мислите му реплицирав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаете, се случувало, некоја одговорна личност, во момент на збунетост, или дури и при полна свест, да спомене некое име што ги задоволува критериумите за добивање покана, а потоа ќе заборави да ги изврши и додатните обврски. Како што е на пример писмената препорака.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Молчи“, ми шепоти во едното уво Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но логиката дека амбасадорот во релацијата со претседателот односно монархот, му служи на народот, а не на режимот, чини и од генералниот секретар посебно одговорна личност на институцијата без запрен континуитет при политичките промени. ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)