одбојкарски (прид.) - тим (имн.)

Преземајќи ја како колективен субјект на изговореното персоната на пленицата, на предосудената принцеза што трагично се вљубила во јунак војник и рекапитулирајќи ја хетеросексуалната театралност на љубовната приказна, цитатот иронично им конструира на обожавателите на тимот една женствена субјектна положба на страсна, занесена, очајничка и престапничка сексуална желба, во која се комбинираат женствената родова улога, хомосексуалната желба, мелодраматичната театралност, расната различност и субверзивната остроумност. ‌Поконкретно, оперскиот цитат упатува на возможната еротска поврзаност меѓу обожавателите, кои го изговараат поздравот, и припадниците на тимот, кои на турнирот ќе ја претставуваат спортската сала не само како протагонисти туку и како сексуални партнери (или можеби како посакуваните сексуални партнери) на (некои од) нејзините членови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повикувајќи се на стандардната поделба меѓу кралици и трејдови, тој ги задева членовите на салата, повикувајќи ги да се идентификуваат со говорничката што ги изрекла зборовите, а со тоа и самите да се постават како кралици, а спортските јунаци од одбојкарскиот тим да ги идентификуваат со нејзиниот бучовски воинствен предмет на љубовта и така да ги претстават како трејдови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За разлика од кампот, кој не остава можност за дистанција и за деидентификација, стрејтерската хипстерска иронија е истовремено и сатирична и апатична; таа сигнализира и отсеченост од „автентичните“ културни облици и естетски практики што хипстерството ги фетишизира и извесно чувство на супериорност над нив – иако му се, на некој негов начин, мошне драги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И така, во контекстот на одбојкарскиот турнир, геј-присвојувањето на тие зборови му вбризгуваат имплицитно сексуален елемент на односот меѓу тимот и клубот што го поддржува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Штом ќе се послужите со Ritorna vincitor! за да си го испратите месниот одбојкарски тим, ви нема веќе криење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Машкото геј-присвојување на Ritorna vincitor! имплицира не само меѓуродова идентификација туку и истополова еротска желба, не само женствена субјектна положба туку и хомосексуална и мелодраматична положба – став на очајничка, забранета желба за воин јунак.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но кампот го прави токму спротивното: сиот е претераност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Современиот, главнотековен геј-идентитет, како што видовме, сака и да си ја одрекува различноста, да ја поднамали општествената забележителност, да си ја ублажи настраноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)