одамнешен (прид.) - време (имн.)

Но како спахиите од Потовицата ги изгубија синовите а немаа други возрасни синови за да ги испратат на војна, се решија со сила да потурчат дванесет христијани од Потковицата (христијани, во тие одамнешни времиња, не смееле да служат во царската војска) и да ги испратат на војна против Маџарско.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во неговото среде се најдувал денешниов кладенец, кој тогаш, во тие одамнешни времиња, бил поприлично голема вода, поради што и денеска некои, понекогаш, го викаат Езерце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овој податок укажува на тоа дека црквичката во Дупка веќе уште тогаш, во тие одамнешни времиња, загубила на своето значење.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јанческата гостинска одаја, истата онаа во којашто во оние одамнешни времиња, набрзо по населувањето на првите Турци во Потковицата, дедото Јанче, за да ја одбрани од `Рслан бег, ја нагрди Руса и веднаш потоа се штукна од умот и по два дена го најдоа удавен во вировите на Голема Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)