огромен (прид.) - црвен (прид.)

Кога на Александар би му било така многу жал, можеби малку би смекнал.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дури откако си го свикна погледот на неа, можеше да му погледне во лицето на денот надвор, што настапуваше, сиот црвен; тој ден се дотркалуваше како огромна црвена кугла, на која ѝ беше тесно дури и под вишното светлосино небо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, според оние неколку редови што ни ги оставил несреќниот Мида, во центарот на клопчето-текст господарела огромна црвена буква што наликовала на нашето „Ж“, насликана како девојка-пајак, со раширени раце и нозе, како што и се гледа од ликот на самата буква.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сакам да го видам Дејан како рипнува од ужасната глетка - јас со големи очи, потечена во образите, со огромна црвена дамка сред лицето и поглед кон коленото ­- како ги отвора ширум очите и устата и ме носи кај сестрите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)