огромен (прид.) - празен (прид.)

Не велеа ниеден збор, тој остануваше само по неколку мига крај секоја нова група, онака заздишен, кога ќе ги видеше нивните избегани погледи тој уште веднаш продолжуваше понатаму, крај другите, третите, повторувајќи ги само оние свои пусти лудечки движења со своите раце, со тие огромни празни рачишта, навраќајќи по стотина пати во денот крај секоја група на тие темели, проклет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зар не ги гледаш сите тие богатуни кои просто не знаат што да прават со своите огромни празни куќи и кои умираат од досада?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Темнина му ги полни очите и во темнината познат глас ечка како во огромна празна црква.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)