огромен (прид.) - рака (имн.)

Чичкото ги држи рацете на коленици. Тоа се огромни раце, црни, испукани.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ги крева своите огромни раце, ги врти, ги гледа, лицето му е насмевнато, а очите расцветани.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ги крева своите огромни раце, ги врти, ги гледа, лицето му е насмевнато, а очите расцветани.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Вратата се отвори со тресок. Младиот офицер влезе и застана настрана, а зад него се појави еден кус набиен стражар, со огромни раце и раменици.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Под розите во една огромна рака цврсто беа стегнати две чаши и шише црвено вино.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чичкото ги држи рацете на коленици. Тоа се огромни раце, црни, испукани.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Влезната порта одамна се затвори зад Управникот, а тој сè уште стоеше на истото место, со глава смешно подадена над тезгата, чувствувајќи ја на образот влажната трага на огромната рака.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Оној огромен Ристан, истеран, отфрлен, се меткаше по градилиштето, готов да се расплаче на секој збор, со оние свои огромни раце, што не можеа да бидат скриени никаде, толку голем, а толку ненужен, а лавот на црвеното сонце сега веќе крвавеше низ устата со некаква болна пена, врескајќи и превиткувајќи се, устрелен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)