огромен (прид.) - око (имн.)

Сините очи се приближија. – Една ваша ученичка – одговорија огромни очи.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Му се внесе в лице, се претвори во две огромни очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тие очи со брзо движење му ја тргнаа превивката од ранетото рамо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сепак, лицето на Детето го затекна. Лицето со огромни очи како од римските мозаици.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Мора да си гладен, - заклучи тетка ми откако слушна еден извонредно силен татнеж кој одекна од моите истрауматизирани црева.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Така, за мене тетка Олга беше силна, разумна жена со бујна, руса коса, крупна уста, правилни, бели заби и огромни очи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кукавица, тоа е вистинскиот збор за мене; во право била една пријателка кога го кажала тоа, иако и самата таа има огромни очи на був.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Со наполу отворена уста, Лу маѓепсано ме следеше со огромните очи и зеници проширени од кокаинот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)