огромен (прид.) - далечина (имн.)

Не, не станувало збор за да втасам на некое неодредено место туку за да се вратам во тоа мое утре во кое некогаш веќе сум бил?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа бил единствениот начин за да втасам во моето далечно утре.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но во еден залет треба да ја прескокнам огромната далечина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во длабочината на џунглата повикот на тигрите, звукот и ултразвукот се пренесува со вибрација во воздухот и им помага да се пронајдат, на огромна далечина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
"Животот го следи само она што нашето залагање настојува да го оствари; затоа залагањето упорно им се нуди на нашите раце и на нашиот ум; им помага тоа да го сторат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го гледаш езерото пред нас. Под големите водени површини, во најдлабоките океани, се бранува песната на китовите чии звуци се пренесуваат преку водата на огромна далечина, довикувајќи го својот род, на само ним познат начин.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се наоѓаше во средината на некаква голема празна рамнина, една рамна пустелија натопена со сончева светлина, преку која сите звуци допираа до него како од огромна далечина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)