објективен (прид.) - свет (имн.)

Нема потреба да се објаснува дека Хегел под движење на логичките категории на „светскиот разум“ во мистифицирана форма го објаснуваше движењето на стварите и појавите на објективниот свет.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Идеализмот го отфрли објективниот свет, но неговата формална логика не можеше да го замисли единството на два спротивни поима, нивното пораѓање и настанување еден од друг.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Место токот на појавите на објективниот свет тој видел ток на појавите на „апсолутниот дух“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Стариот материјализам со својот чисто емпирички метод никојпат не можеше да го види нивното единство, нивниот премин една во друга, па затоа неговото познавање на објективниот свет и на општеството беше ограничено, неполно, мртво.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Како и кај многу други модерни уметници, свежината со која децата се спротивставуваат на објективниот свет му даде на Дибифе нова перспектива во посматрањето на секојдневните настани. 110 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Од сите апстрактни експресионисти, Марк Ротко (Mark Rothko) е еден од ретките кој внесе концизност во употребата на детската уметност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но да се пренесе вселената, објективниот свет, една реалност што постои надвор од човекот да се пренесе во него самиот единствено со мистиката на самоспознатиот дух, а оваа реалност да биде сметана и понатаму како прост привид, како обично олицетворение на логичките категории и „идеи на апсолутниот дух“, значеше и да биде „укинат“ апсолутниот дух, да се пренесе во друга состојба, да се објасни „духот“ со појавата на материјата, а законите на дијалектиката — со законите на развитокот, настанувањето и условите за неговото познавање од страна на човекот.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Како вистински и доследен идеалист, тој сосема го укина дуализмот меѓу битието и мислењето, и на свој мистички и идеалистички начин го воспостави нивниот полн идентитет: и материјата на објективниот свет Хегел ја претвори во развоен процес на „светскиот разум“, чиишто категории вечно се движат по законите на една посебна логика.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)