обичен (прид.) - слуга (имн.)

Требало да сфатам дека за жал ние сме само обични слуги на околностите. (Кој знае по којпат тие проклети околности!).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И не е никакво чудо, Адем е чифликсајбија со имот од илјада дулуми, илјада и петстотини овци, сто и педесет говеда, дваесет коњи; со кула и кошари за чифчиите, а Муарем е негов измеќар, само за разлика од другите тој не е обичен слуга, а служи со извесен понос.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И тој дошол прво да жние и врши, потоа останал момок; после го зеле во манастирот во Света Гора како обичен слуга на сите калуѓери.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)