обичен (прид.) - ситуација (имн.)

Да беше тоа некоја обична ситуација, секако ќе му вратев или макар ќе спискав, но во тој момент ми беше важно да ги видам татко ми и мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Некој ќе рече, животот не им е слуга на неверојатните случки.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Еве ви ја ќерка ви! – рече брат ми. – Леси се враќа дома!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И најнесфатливите нешта, (да не речам постојано, но по некое правило што од година во година се повторува), произлегуваат од сосема обични ситуации.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)