обичен (прид.) - разговор (имн.)

Познаваше Јана многумина кои зад себе имаа и академски титули, но во обичниот разговор беа „боси“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Војна е, и нема обични разговори, обичен живот, растеше отпорот. И ништо не е обично.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Неговиот обичен разговор со пониските беше строг и се состоеше речиси од три реченици: „Како сте смееле?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Започнувајќи така, насамо, еден обичен разговор, му го нафрлил својот случај на лекарот како да се работи за случај на некоја измислена личност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зеде луле и стол и поведе обичен разговор.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)