обичен (прид.) - плакат (имн.)

Овошјето од еден обичен плакат го поместува тлото под душникот го лизга ровко и несопирливо и ве пренесува во детството - небаре тоа е на едниот, а вие на другиот крај небаре сте биле еден без друг вие, кои не сте смееле - повторно ја доживувате возбудата на окото и моливот кога сте цртале гроздови, круши и јаболка и сте го наслушнале разговорот меѓу мечтата и раката во којашто се влевал еросот на иднината.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)