обичен (прид.) - недоразбирање (имн.)

Зошто да не помисли дека е во прашање обично недоразбирање што навреме ќе биде отстрането?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Горчлива е разочараноста и од обичните недоразбирања а да не зборуваме за искуства од ваков вид и со вакви последици.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Разочараноста од ваквите случувања и најблиските пријатели ги престорува туѓинци, и тие понатаму, низ сиот свој живот се однесуваат како непознати па дури и како непријатели!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)