обичен (прид.) - насмевка (имн.)

Останав со впечаток дека сум рекла нешто што потсетува на шега од која не можеш ниту обична насмевка да исцедиш.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сега можеше да ги види како сите тие четири лица добиваат на себе по една блиска, простосрдечна и некако и премногу обична насмевка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И насмевка, баш при допирот на ѕвездите - за да можат луѓето долу да пресметуваат на првите дигитрони колку благост збира во една обична насмевка за која се знае дека не се купува на пазар, не се позајмува и не се краде, туку само се подарува.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Среде битката за вечноста некој постави откачено прашање: да не трае вечноста колку една обична насмевка?
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Го следеше со некоја обична насмевка за која и не размислуваше сѐ додека Томислав не дојде да ѝ рече дека тој и Божинов ја замолуваат да си ја тргне од лицето иронијата бидејќи на една културна домаќинка не ѝ личи таквото однесување. Ете и тоа се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)