обичен (прид.) - измислица (имн.)

Попусто беше да објаснувам дека сето тоа е една обична измислица, дека ако некаде има тишина тогаш тоа е сигурно “кај мене”, дека ни теоретски ова не може да биде точно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Обични измислици, книжевни фантазии, конструкции, обични конструкции.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дури и како обична измислица, таа претставува симптом на конституциско пореметување внатре во самата хрватска интелектуалност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)