обичен (прид.) - живот (имн.)

Без нималку колебање го земаме во прегратки сето она што ни припаѓа, ги припиваме кон себе сите блиски луѓе без кои не можеме да го замислиме нашиот обичен живот, сите копнежи, сите желби, сите надежи, целата љубов, со сето свое совршенство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Обични разговори во обичен живот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Војна е, и нема обични разговори, обичен живот, растеше отпорот. И ништо не е обично.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
9. ГЛЕДАЈ ГО НЕ ОГЛАМНИКОТ, АМИ КОЊОТ - штом веќе си џамбаз, трампењето да не ти е криво, знаеш, твојата прескакулица "ОД КОЊОТ НА ТРОЊОТ" сепак за во циркус е, а не и за обичниот живот...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Стануваат негов дел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па оттаму кај затвореникот таа измешаност на соништата со животот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не личат на соништата од обичниот живот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во затворот соништата се прилепуваат до јавето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Другиот вид е корисник кој се чувствува одлич­но кога е на Е и обичниот живот му се чини здодевен во споредба со тоа, не учи од тоа и постојано сака да го повторува доживувањето земајќи сѐ повеќе и повеќе.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие нештата што може да ги користат ги гледаат во нивната нормална состојба.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
(Мајка ѝ на Џоан Крафорд, инаку, навистина дома перела туѓи алишта некое време кога растела Џоан.) Многумина геј-мажи велат дека имале такви семејни романси кога биле момчиња: убедени биле дека се исклучителни суштества што не се во никакво сродство со билмеското, грубијанско, простачко друштво околу нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мислеле дека се родени надвор од својот природен елемент, дека имале некое тајно царевно потекло – дека биле кнезчиња што по некоја зла судбина, од таинствени причини, онакви новородени биле дадени да ги одгледува семејство на селанчишта и дека само го чекале денот кога ќе им се обелодени вистинскиот идентитет, кога ќе се развражи вражбата и кога конечно ќе се ослободат, ќе се ослободат од здодевните секојдневија на обичниот живот меѓу нормален народ и кога конечно ќе се вратат на местото во општеството со богатите и славните што по правдина им припаѓа, во друштвото на убавиот и најпрефинет свет.259 Копнежот по живот во естетска милост и во естетска хармонија, во сетилен раскош и задоволство, поривот да се издигнеш во светот и да се дружиш со повисоките сталежи, стремежот да стекнеш, собереш и да трошиш – да се опкружиш со убавини, реткости и скапоцености или, во случајот на Пол, со „згодни работи, со придушена светлина и со свежо цвеќе“ – сето тоа почнало да ја симболизира суштината на извесен вид машки геј-субјективитет, и тоа уште од времето на Оскар Вајлд.260 Во својата неисцрпна студија на Вајлд и на машката геј-култура, Нил Бартлет му посветува цело поглавје, насловено „Сопствености“, на односот на геј-мажите кон нивните ствари.261
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Големиот препород на денот ги вратил луѓето во благост на обичен живот во кој сепак можела да се споменува Јоакимовата Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И покрај исправените трупови со раширени раце и со остри жолти коси и бради (сеедно, и самиот поп можел да биде меѓу првите луѓе на својата Библија), по посеаните ниви се собирале бушави врапци и без сопир џивџикале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Или сметаш, кога веќе со векови сме немале кралеви и цареви, зошто да се користиме во овој наш обичен живот со жена која ја посакува љубовта без да се грижи за чувствата на партнерите; без да размислува што ќе разурне со својата прегратка; кој ќе биде идниот страдалник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Инаку нивните книги никој нема да ги чита, ако го опишуваат само обичниот живот без да додадат по нешто свое.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Хипнозата во ограничената формална смисла е еден посебен случај на наведување.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мора да се прави разлика помеѓу формално организирана хипнотичка сеанса, како на пример во лабораторија, соба за консултации, или на сцена, од оној вид нешта кои се случуваат во обичниот живот, при што, воообичаено, никој од оние кои се вовлечени во тоа не знаат што се случува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Потем следува сè што се збира во салдото на еден обичен живот - некогашниот малечеок летач со умот ќе подостари како и дрвјата во сибирските тајги и на дедовата загриженост, а и на бајачката, ќе си припомни баш кога пилотот ќе соопшти дека она што се гледа низ малото прозорско окно на авионот е Екатеринбург, последната станица на возот на династијата Романови.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
За разлика од тој свет во високите сфери, овде, долу, во обичниот живот, Поетот мораше да се бори како и секој друг поединец со горчливите проблеми на денот, со секидневните стапици од кои не се амнестирани и занесениците впрочем како и секој простосмртник. (Тој има срочено повеќе сентенци во кои настојува да ни ги објасни темните страни од овие приземни случувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)