обичен (прид.) - давеж (имн.)

Погледнувам кон професорот… не, не; всушност кон иследникот погледнувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зато и си велам стопосто уверен дека сум во право, оти вистината, во случајив, со каква и да е специфична тежина, сепак може да се сведе на обичен давеж!) И најсетне оној грд податок: уште првиот ден, при првата средба, професорот на ученикот му соопшти дека во нивната соработка ученикот нема право да бара додатни објаснувања, а не смее ни да помисли дека може да протестира.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А спомнатиот ученик, тоа не треба да се заборави, бев лично јас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)