обединет (прид.) - во (предл.)

2. Овие три начина на пишување мошне точно одговараат на трите различни состојби според кои можат да се разгледуваат луѓето обединети во народ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ниту пак врз она кое ние ќе го нарекуваме логоцентризам: метафизиката на фонетското писмо (на пример, на алфабетот), која, во основа, - од таинствени, но суштински причини, недостапни за еден обичен историски релативизам, - беше само најизворен и најмоќен етноцентризам, денес оди кон тоа да се наметне на целата планета, наложувајќи ги, во еден и ист поредок: 1. поимот на писмото, во еден свет во кој фонетизацијата на писмото треба, продуцирајќи се, да ја прикрива сопствената историја;
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Градот стана и седиште на митрополитот на поширокиот регион, а набргу пристигнаа и француските лазаристи, обединети во нивната верска мисија уште во XVII век.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Игор Тошевски е уметник којшто беше посебно активен минатата година со серијата изложби обединети во концептот „Досие 96”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Презимињата се наведени според абецедниот ред онака како што стојат во Именикот и претставуваат избор од преостанатите деветнаесет милиони имиња. The falls Интересирањето за можностите една филмска енциклопедија да им биде соперник на Каталозите на целиот свет (Whole Earth Catalogues) од раните седумдесети години и уживањето во составувањето списоци поради нив самите, беа идеи што им претходеа на разни проекти обединети во филмот “The falls”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тогаш доаѓа и до понагласено поврзување меѓу уметниците, растат личните контакти - тнр. мејл-арт средби (или туризам, според Х.Р.Фрикер), а во 1986. беше организиран и првиот мејл-арт конгрес, но „децентрализиран”, одржан на повеќе пунктови низ целиот свет, а пораките на уметниците од овие средби беа обединети во една конгресна книга.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од сите ексцентричности на египетската лексика најизвонредна е можеби онаа, покрај зборовите коишто во себе обединуваат спротивставени значења, која во себе содржи сложени зборови во кои две реченици со спротивно значење се обединети во еден композитум кој го има значењето на само еден од неговите два члена кои го конституираат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Двете жени продолжија да одат низ градините, обединети во мислата и чувството.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Овде ги затекнале Словените кои биле обединети во сојуз на “Седумте племиња” и биле во фаза на формирање на своја држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Нашите мисли се упатени кон нив и ние остануеме на тоа сите Македонци да бидат обединети во својата татковина.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Според информациите на Радиото, во настапите во Софија пред претставниците на БРП македонските претставници, а и Светозар Вукмановиќ-Темпо, известува Дикинсон, истакнувале дека сакале да видат "…слободна Македонија, обединета во рамките на нејзините историски граници".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај фактот што и американските и британските мисии биле испраќани само како воени мисии со основна задача да организираат и изведуваат воени операции во окупираните територии и да овозможат испраќање воена и друга помош за да им се нанесе поголема штета на нацифашистичките окупатори, тие не можеле да не испраќаат и такви извештаи во кои јасно се гледало следењето и на политичките состојби и намери на политичкото и военото раководство на НОВ и ПО на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пред малку, на една географска карта на Македонија се обидов да ја видам оддалеченоста меѓу Скопје и Тетово, како што се истакнува главното место на немирите. Педесет километри. Па тоа е малку!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа како што не престануваше да ја шири вистината за моите книги среде своите пријатели, да им пишува на издавачите, на уредниците на книжевните емисии за да го свртат вниманието кон моите книги, се обидуваше и во настаните кои ја загрозуваа иднината на Македонија да ја открие логиката на помирувањето, соживотот на македонското и албанското население, како и другите етнички заедници, гледајќи ги обединети во заедничката татковина Европа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во романот Атеистички музеј вие пишувате за тишината на вашите родители која ги одржуваше обединети во текот на многу години.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Всушност, во тоа важно писмо госпоѓата Лајбовиц се обидува да ти објасни зошто (воопшто) се решила да кореспондира со Тебе: тоа го сторила исклучително поради својата фасцинација од светот на твоите родители и онаа чудесна тишина, Барт би ја нарекол Љубов, која нив ги одржува обединети во текот на многу години (Старова, 2008: 22).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Неговиот поттик и неговата причина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Микеланџело (Michelangelo), да речеме, налетал на Виторија Колона (Vittoria Collona), маркиза од Пескара, која му станува блиска пријателка: макар што речиси воопшто не се гледале (своите последни години таа ги живеела во манастир!), тој и посветил некои од своите најдобри сонети, не престанувајќи да и пишува и да и ги праќа цртежите, правени специјално за неа, сѐ до нејзината смрт...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Рака под рака се држеа луѓето од сите страни на светот, обединети во еден фронт.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)