ноќен (прид.) - призрак (имн.)

А јас ќе појдам уште еднаш да ги пребројам мртвите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но зборот не поднесуваше мртов заборав, се враќаше на места на кои, од два грча на усните и два слога, гласно се родил и станал дневен и ноќен призрак во селото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Полудуваше со залепени клепки: точно врз очите му лежеше студена арапска сабја, или боцкава жица, или танка змија, сеедно, тој зрак, тој ноќен призрак го менеше својот облик, и човекот како и да се наместеше во постелата го чувствуваше и остаруваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Судбина: да се припокрие со земја убиениот, да се прослови над дрвен крст молитва и да се бега од местото пред ноќни призраци и пред дневна, утрешна потера што можела да дојде за нови свои и нивни умирања. Судбина и гробови - нивни, туѓи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)