ноќен (прид.) - мора (имн.)

Еден ут во Шумшул- град докажа дека и птиците умеат да разкажуваат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Да ни раснеш здрава колоритна, среде сите прва и најбитна, на френдови - лидерка убава, на скотови - ноќна мора права!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ненадејно, и со оној вид на жесток напор со кој човек ја врти главата по перницата во ноќните мори, Винстон успеа да ја префрли својата омраза од лицето на екранот врз темнокосата девојка зад него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе стане мажот од ноќната мора и ќе ги уапси децата, целото семејство.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во соништата сѐ уште не можеше да се ослободи од ноќните мори на Голи Оток, каде што често од звучниците одекнуваа имињата на Тито, Кардељ, Ранковиќ...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Политички, Бил не припаѓа никаде: за конзервативците е ноќна мора, а за либералите е прерадикален.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Визиите од ноќната мора не ме напуштиле. Немоќен сум.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)