ноќен (прид.) - ветер (имн.)

Стоев сам во пиџами на вратата, го чувствував топлиот ноќен ветер, и тогаш сфатив дека Тате седи на механичката лулка на терасата и полека се ниша.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Низ отворениот прозорец навлегуваше здивот на заспаното езеро и ги освежуваше нивните испотени чела... ноќниот ветер ја шепотеше својата вековна приказна за убавините на ѕвездените вечери...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Небото, зем-јата, луѓето, избледените розови тули, балконите од ковано модро железо, мандолината зрела како плод во рацете на човекот со, чиниш, безброј прсти, искинатите парчиња од рекламни плакати веени од ноќниот ветер како конфети — колку беше тоа Пикасо, а колку Џорџ Смит што гледа наоколу со дивите очи на Пикасо? се прашуваше во очајание.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Неколку минути зборуваа на студениот ноќен ветер.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)