ножен (прид.) - прст (имн.)

Со брада до ножните прсти, личеше на влакнеста пенушка, нагрната со мека ткаенина.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Белите нечисти панталони од евтино платно му висеа на долгите нозе, црните ножни прсти со педвиткани нокти подѕирнуваа од искинатите чевли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Само на најгорниот ѕид од мрачната ќелија, таму каде што не ти достигаа ни најиспружените раце колку и да ги истегаш на ножни прсти, еден процеп од прозорче, замрежено не само со дебело стакло неизмиено откако го вглавиле туку и со вкрстени решетки како да ти се окови на глуждовите: машки ногавици на службеници на поминување и по некоја женска влечка на домаќинка што оди или се враќа од пазар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога од некое мртво дрво писнал був, од водата на мочуриштето излегле жаби со рокчиња и ги облазиле злодеите, па наутро, под сонце, имале што да видат: од носот до ножните прсти се посипале со красти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Патувале со три натоварени маски и кога ги стемнило, легнале да преспијат на раб од мочуриште. Таму ги стасала клетвата на девојките.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Влеговме во вода. Езерото е мастилно. Ножните прсти ни се мрдаат.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)