новинарски (прид.) - дискурс (имн.)

Себеси се прикажува и како простодушник и како разочаран критичар на надуениот новинарски дискурс кој го користи како стомакозборец.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека се иззема од хистеричната возбуда што дречливион наслов сака да ѝ ја внесе на масовната публика на која ѝ е упатен, тој радо се асимилира себеси во таа публика, присвојувајќи си ја мелодраматичната реторика на насловот, го цитира и го репродуцира со подбивна сериозност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Започнувајќи ја песната со зборовите од насловот и рецитирајќи ги со сопствениот глас, тој активно (односно, пасивно – односно со активна пасивност) ја зазема положбата на субјект што трачерскион наслов му ја натура на неотпорниот читател.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој ведро прикажува низа афекти што се сфаќаат како будалести и патетични, кои истовремено го повикуваат општествениот презир и му пркосат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Истовремено, цитатот на О’Хара ја разголува превжештената реторика на новинарскиот дискурс, исмевајќи го насловот поради мелодраматичната претераност, поради напнатиот напор да нѐ натера да внесеме толку многу горливо и заблудено значење во поситните дробности на животот на некоја ѕвезда која, всушност, не ја ни познаваме – иако жолтиот печат можеби нѐ навел да мислиме дека ја познаваме – особено кога сопствените животи не ни се квалификуваат за исто такво грижливо размислување и сочувство. ‌О’Хара му се придружува на извикот од насловот, го повторува небаре ги искажува сопствената шокираност и потресеност и си го присвојува исказот пред читателот на песната воопшто да сфати дека О’Хара само го цитира жолтиот печат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мелодрамата и општествените вредности поврзани со неа ги користи за да си обележи посебна положба на субјект која е јасно неусогласена со хетеросексуалната мажественост, која имплицира нестандардно обликување на родот и на сексуалноста – а која во тие погледи може да се идентификува како женствена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да зборуваш со сопствен глас, ако си онаков културен простодушник за каков отпрвин се претставува самиот О’Хара, значи да ги усвоиш ветвиот јазик и склоноста кон мелодраматично претерување кои се одлика на новинарскиот дискурс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најпосле, меѓутоа, она што го изразува присвојувањето на мелодраматичноста на новинарскиот дискурс кај О’Хара е поголем, посеопфатен отпор кон конвенционалните облици на сексуалниот и обродениот дискурс и на сексуалната и обродена отелотвореност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
До крајот на песната, меѓутоа, О’Хара ја разграничил неволјата на ѕвездата од својата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој отпор не ја подразбира екпсплицитната претпоставка на женствениот идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зборувам за една песна од Френк О’Хара, геј-поет кој одигра средишна улога во формирањето на таканаречената њујоршка школа на поети, сликари и музичари.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Песната излезе во неговата збирка Песни за ручек во 1964 година.369 Лана Тарнер паднала! поттрчнував и наеднаш ете заврна и заснежи а ти рече дека паѓал град но град те мава по глава силно, па затоа сепак снежеше и врнеше и толку ми се брзаше да се сретнеме, но сообраќајот беше баш ист ко небоно и одеднаш гледам наслов ЛАНА ТАРНЕР ПАДНАЛА! нема снег во Холивуд и нема дожд во Калифорнија на многу журови ме имало со поведение крајно срамно но не ми се случило да паднам о, Лана, те сакаме станувај.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
О’Хара тука ја присвојува амбиенталната мелодраматичност на конвенционалниот новинарски дискурс – со неговите изнасилени наслови што привлекуваат внимание, со запенетата фасцинираност од животите на јавните личности и на ѕвездите и со возбуденото чувство на драматика што го внесува во известувањето за тековните настани во вестите – за да го воспостави сопствениот дисидентски однос кон главнотековните жанрови, дискурси и културни облици што ја дефинираат конвенционалната хетеросексуална мажественост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму преку тие доминантни културни облици, дискурси и жанрови тој успева да си изреже себеси упадливо нестандардна положба на полето на родот и сексуалноста. ‌О’Хара си го претставува односот кон плакатскиот наслов како однос на помешани лековерност и скепса.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)