нов (прид.) - теориски (прид.)

Пред неколку години тој имаше интересна полемика со големиот противник на постмодернизмот и сите нови теориски движења, Ернст Гелнер.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Уште повеќе, сега можеме да видиме дека тие не биле одвоени едни од други; имале смисла единствено заедно, како манифестации на истиот комплекс на моќ, истата светска структура на моќ, која го одржуваше сопствениот кредибилитет сé додека структурата остануваше недопрена, но овие „очевидни вистини” не можеа да го преживеат крахот на комплетната структура на моќта.7 Бауман е пример на историчар кој ја увидел вредноста на новите теориски движења и можните импликации на плурализмот врз начините на разбирање на современиот свет.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во меѓувреме откриле нови теориски рамки, математички средства и компјутерски симулации кои се обидуваат да ја зафатат суштината на сложените адаптивни системи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На крај, вреди да се истакне и напорот на културната агенција „Метафорум“ која со приредувањето на ова исклучително издание (книгата ги содржи сите додатоци неопходни за една философска студија, предговорот е преведен на јазиците на 10 источноевропски земји, а содржи и прилози на германски и англиски јазик) се претставува како реномирана издавачка куќа која со својата едиција „хоризонти“ навестува издавање на нови теориски книги од наши автори.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со неколкуте провокативни тези (особено за вината и судбината на идеологијата) кои се во дослух со горливите прашања на нашето време, оваа книга предизвикува вистинско освежување на по малку заморената македонска теориска сцена.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)