нов (прид.) - јазик (имн.)

Вистините за лековитоста на билките, преведени на новиот јазик, по векови, како да ја оживуваа миризбата на исчезнатите времиња.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
За илустрација земете го изучувањето на класичните и новите јазици и кореспонденцијата на комитетот или распределувањето на четите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Може да се допушти оти таква војна може да се очекува, зашто во комитетите има членови не само Македонци, ами и Бугари, и последниве никојпат не ќе се согласат со новото течење, зашто со него ќе се закопаат бугарските интереси во Македонија; исто така има и меѓу Македонците членови на комитетите лица што ќе расудуваат вака: Сега на старост ние не можеме да учиме нов јазик: бугарски знаеме и бугарски ќе зборуваме, – ние сме Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Па таму има цело поколение што се развивало, растело и учело на бугарски; ќе прифати ли сега тоа да се мачи на нов јазик?”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дишан беше фасциниран од јазикот и имаше некакви планови во врска со создавањето на сосем нов јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се разбира, човечките јазици се во вечна еволуција, тие исчезнуваат, доселениците донесуваат нови јазици, дијалектите дивергираат до неразбирливост едни за други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со текот на времето, со залетот на мислата и имагинацијата, својствена за големите автодидакти, размислувајќи за жилавото одржување и преживување на османско-ориентално-турските заемки, сѐ повеќе размислуваше да го заврши проектот за Историјата на Балканот низ падовите на империите, запуштен на времето, најмногу поради немоќта да се соочи со јаничарството и јазиците во долговечното османско владеење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не беа свесни дека со тоа ја поддржуваа матрицата на светскиот јаничаризам на империјата на новите времиња: новиот јазик за сите требаше да ги потчини малите, да направи од малите јазици негови сателити.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И за Камилски, со текот на времето, помалку беа важни турцизмите како лексички заемки, отколку дебатата со Татко за нивната генеза и судбина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како да се криеше дамна исчезнатото време во заемката која жилаво се одржуваше во новиот јазик и покрај сите можни погроми, јазични чистења, пуризми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Заемката која преживуваше во неколку балкански јазици, со мали и незначителни модификации кои се должеа повеќе на природата на новиот јазик, според Камилски, филозофски речено може да биде и pierre d` achoppement, камен на сопнување, односно повод за дебата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И покрај тоа, нешто од овој „нов јазик” беше директно вклучено во прецизните формални дескрипции на когнитивните функции лишени од референци до конструкциите употребени од невролозите, или алтернативно, без прибегнување кон продавање на мистерии.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Поради својата лингвистичка активност, Duchamp со право може да го понесе прекарот на својот заштитник, и тоа не само поради измислување на зборови туку на цел еден нов јазик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во врска со Хермесовиот жиг треба да се спомене дека Хермес Трисмегист (“три пати најголемиот”, заштитникот на алхемичарите) е нарекуван и како Татко на зборовите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Знаењето ќе се зголемува со зголемувањето на опсегот на околините што се истражуваат, со игрите што ќе можат да се играат, со новите луѓе што ќе можат да се сретнат, со новите јазици што ќе може да ги учиме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Овој нов јазик ќе биде иконички.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На хоризонтот нема ништо, па мислата, иако одново сакаше да ја врати во минатото, му се заробува во депресивниот пејзаж.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со своето времено присуство, тие ја менуваа и иконографијата, и духот, па и говорот на островот, надополнувајќи го со нови јазици од онаа поморска вавилонијада на говори со коишто, впрочем, гргори и зоврива секое медитеранско пристаниште.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Иако автодидакт, во проучувањето и откривањето на јазиците, надарен со силна дарба и интуиција во учењето на новите јазици, тој добро знаеше дека лингвистиката е комплексна и ригорозна наука.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Најде еден недоучен, од Бапчор ќе да беше, кој се нафати нов јазик да твори со лепенки од рускиот и најмногу од бугарскиот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)