нов (прид.) - шанса (имн.)

И затоа, нова шанса сега ќе му дадам: кој од нив двајцата ќе ја реши загатката со натписот од одајата источна, тој ќе го заслужи името пресветло – Писмородец.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Посакав на непријателот мој, порака да пратам за моќ и слава, за награда вредна што за труд се дава, не со превртливост и измама тешка, посакав нова шанса, ново лето, нов миг на мир, тој човек повторно да стане оној што бил, од злоба излечен, повторно човек, за довек.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
- Александар: Ах, во случај на пораз јас би му дал нова шанса, тој Дариј ќе сака поново да се окрили, за нов напад!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)