нов (прид.) - тема (имн.)

Јас пак повеќе сакав навечер да читам или да работам над оној мој есеј или да правам анотации во врска со некоја нова тема или просто да ја слушам како шлапка водата на езерото и да гледам во гребените околу, чувајќи ја својата тага.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мене и во други околности ми е тешко да пишувам на нова тема, а камо ли овде.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Х.Х. минува на нова тема, поврзана со претходната. Инструкциите го обврзуваат!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од друга страна, креативната личност ќе има богато и содржајно доживување, коешто може да ја поттикне подоцна да обработува нови теми на поинаков начин.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Важно се препираа, се надвјасуваа, се надвикуваа кој повеќе, кој поточно, кој поизворно знае; се фаќаа за најситни нешта, за петлицата на папокот, со кои докажуваа дека другиот измислува; наведуваа и податоци, неважни за случајот, но доволни да се заподене нова тема за кавга.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Среќни се овие времиња за јагулите, - продолжи на нова тема Игор Лозински, имајќи ја во свеста претходната мисла.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нив, пред сѐ, ги интересира дали дрогите можат да ги поттикнат креативните потенцијали и да го збогатат творештвото со нови теми и содржини.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)