нов (прид.) - структура (имн.)

Токму таа загуба на идентитетот на уметничките стратегии им допушта еден специфичен рез во телото и една специфична структура која сака што повеќе да се оддалечи од традиционалната физикалност на телесните ограничувања, како што се просторот и времето, која сака да се оддалечи од причинската или непричинската логика на прикажување и наместо тоа да обликува некоја нова структура: структура во која ќе биде можно учествување на далечина, која ќе биде од информатички материјал и умножена на безброј нивоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие организираа нивни ослободителни комитети, регионални антифашистички собранија и југословенско Антифашистичко собрание на народното ослободување на Југославија како модел за една ембрионална држава.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Партизаните ја прифатија оваа идеја како движечка сила во нивните планови за нова структура на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Идентитетот се дроби во моментот кога веќе нема просторни ограничувања, кога се случува одвојување на телото и просторот, каде што групите веќе не се дефинирани со просторни туку со дискурзивни особини.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Знаете, некои работни места ќе бидат загубени, други ќе се отворат, но важна е борбата и против новите структури на моќ што ќе се востоличат со пробивот на овој тип комуникација.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)