нов (прид.) - стан (имн.)

Годинава градот треба да добие над 2.000 нови станови и еден голем, дванаесеткатен хотел со 250 легла.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се вселивме во нов стан, во една населба на местото на некогашен Аеродром.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Еве, стасавме. Ова е нашиот нов стан во кој се вселивме пред извесно време.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа е таков адреналин у вени, таква невидена нервоза и параноја дека нема сè да се заврши на време (што додуше и не е многу далеку од вистината имајќи предвид што сè мама Кристл сака да однесе од стариот стан од 89 квадрати и да реинсталира во новиот стан од 47 квадрати).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Немаше ниту една година откако се вселивме во овој убав, нов стан и сѐ светеше во него од грижливите работливи раце на мама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Откако се беа доселиле во новиот стан, мајка ѝ на Зорица ги стави тие пердиња за да ги сочува новите тенки завеси од Сонцето, како и каучите и ќилимот. Сонцето да не ги обели.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ако се иселило порано, зошто морало да го напушти новиот стан и зошто во ниедно време, пред зори, кога Банката уште горела а војската можела да пука во сè што било сомнително без предупредување, директорот го преселил семејството во француската болница којашто била во опасната зона до самата банка.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Така повторуваше мајката Роса пред секој што ѝ честиташе за новиот стан.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На едно местото не можевме да останеме, нели сестро? зборува Пелагија, нам не ни е судено нови станови, не се запишавме за државјанство, како да ќе се врниме некогаш на дедови огништа!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пелагија не само што најмногу се израдува, туку таа и неколку пати ги посети запознавајќи ги благодетите на нивниот нов стан.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Си мислев: нов стан, Мими - прваче, Влатко - седмоодделенец, сметав, сето тоа максимално те ангажира...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Добро ни дојдовте! Прво доаѓање! Во нов стан! И за Нова година!“ ги гушна мама Злата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во новиот стан родителите со регални елементи направија преградување, така што од една детска соба и дел од дневен престој обезбедија две детски соби - за Влатко и Мими.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Буба Мара си соши нов фустан. Ежот се пресели во нов стан.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)