нов (прид.) - средба (имн.)

Се до нова средба лично ќе ми одговарате!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја оставивме Хара и тргнавме во потрага на нови средби.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Татко се сложи и Камилски на новата средба закажана кај него требаше да реферира за турцизмот башибозук - курбан, се разбира, зборот поимот јаничарство дежураше во нивните мисли за конечно да се сложат за неговата дефиниција...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
При новата средба, по речиси еден месец, обајцата се сретнаа со нови и свежи идеи за спасот од балканвавилонизмот, како облик на дебалканизација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од друга страна, пак, ме интересираше како ќе изгледа таа нова средба меѓу татко ми и Вера и дали тоа има некаква врска со разговорот на тетка Рајна и татко ми, што не сакајќи го слушав вечерта.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во текот на еден љубовен дует на самата сцена и на двајцата им станува јасно дека нивната љубов всушност никогаш не згаснала, напротив, новата средба само уште повеќе ја разгорува.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мислам дека би било многу подобро, и за мене, и за тебе, му зборуваше, кога би застанал некаде поблиску, така за да можеме уште до вечер да ја имаме нашата нова средба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој туѓинец, за кого ништо повеќе не знаеше од тоа што самата го откриваше за него со секоја нова средба.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Како да се надеваше дека при новата средба ќе се измени нешто во него.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мертен ја предлага и конечната сума: две и пол милијарди.  „Невозмоможно“, одговара Јомтов Јакоел од името на Советот на заедницата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Добро”, изустува со доблесна драматика д-р Максимилијан Мертен на новата средба, два дена подоцна, „конечниот износ е три и пол милијарди драхми!“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Очекував да го соопшти и она познато обвинение, до кое тој многу држи: дека никогаш не сум се соживувал со страдањата на несреќните поединци, и дека за жал не сум ја разбрал додавката: "на заслужните и кога ќе згрешат не свртувај им го грбот". (Сакам веднаш да додадам дека изгледот на Привидот при секоја нова средба е сè понестварен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
При секоја нова средба, на Богуле му се чинеше дека Злата се менува: станува побујна, повозрасна; ја загледуваше скришно и забележуваше дека секој дел на неа се менува: градите понаддадени, колковите пообли, косата подолга, гласот посигурен, одењето поцврсто, погледот посериозен, лицето пополно, прегрнувањето поцврсто.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)