нов (прид.) - сознание (имн.)

Во мислите му се пластеа нови споредби, нови сознанија, нови впечатоци, нови планови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Индивидуата која заклучува дека “само-занемарувањето” имало големо влијание на нејзината/нејзиниот живот (претходна доминантна тема) може да дојде до заклучок дека промените на алтернативното ниво на акција одразува дека тој/таа се ангажирала во “проектот на само-поддршка” (алтернативна тема или контратема).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Прашања од нивото на свесност Нивото на свесност овозможува индивидуите да ги преиспитаат промените во развојот кои се одвиваат преку алтернативно ниво на акција и да определат кои се можните нови сознанија за: (а) природата на нивните предиспозиции и желби, (б) карактерот на различните квалитети на индивидуата и на нејзините односи со другите, (в) структурата на нивните внатрешни состојби, (г) содржината на преферираните вредности, верувања, и конечно, (д) природата на нивните определувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во спојувањето на сонот и јавето во спонтана дремка на парче сунѓересто легло, заѕвони ново сознание за старата мачно изгаснувана желба - да се биде како другите.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Секогаш љубопитен и желен за нови сознанија ги распрашуваше твоите пациенти за многу работи и од нив учеше и собираше информации и знаења, за земјоделието, за ловот, за риболовот, за науката и што ли не друго.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Идејата беше-секоја половина за себе да впива нови сознанија, а по извесно време да ги претопи во новото соединување.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Јас не сум дел од оваа, сега ќе станам дел од една нова година. ќе станам сведок на нови настани, нови сознанија и многу убави нешта.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кога ќе си ги кажеме новите сознанија, за да си помогнеме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сето тоа, сиот тој суводоличен порој од поразни нови сознанија му се истури врз главата, така што Ване изгуби здив од што немаше што да каже.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Минувајќи низ тој критериум она што некогаш се слушало, што се разбирало и сознавало, останало во сеќавањата и како готов јазичен материјал но, како што бидува со сите спомени од детството, станало амалгам, надополнет со сетнешни искуства, со нови сознанија и виѓавања.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој свет на Чинго не е воопшто останат на нивото на старото село каде усното творештво уште не било опфатено со некои нови сознанија, со нови потреби на изразот, со нови поими и ситуации.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Знаете,“ рече доктор Гете, „јас ги почитувам вашите напори да дојдете до нови сознанија за човечките суштества, ама самиот начин на кој го изведувате она што го нарекувате психоанализа, тоа лежење на вашите пациенти на кауч, додека нешто дрдорат, и вие ги гледате а тие не можат да ве видат вас… Тоа е малку шарлатански.“ „Како шарлатански?,“ се налути брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Моите пациенти не дрдорат додека лежат на каучот во мојата ординација.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На површината на неговата свест блескаше дијамантот многу повеќе од овие нови сознанија.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ден не ќе минеше, а татко ми да не дојде до нови сознанија за козите и за нивните сопственици.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Или поради некоја потреба за воведување на умот во некои нови сознанија. Дури не ни заради самиот Голем Тодор.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Најнапред ги кладе на хартија новите сознанија; го премести оџакот на покривот на Алмаковци; потоа се зафати со преправки на црквата што беше изградена на височинката над селото..
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Покрај тоа сака да истакне дека содржините што ќе ги изнесе барем за него не претставуваат ново сознание.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)