нов (прид.) - снег (имн.)

Високиот снег надвор беше стврднат како чкор, а месечината така блештеше врз него што се гледаше сета нечистотија со која белината беше испрскана во деновите додека нов снег не паѓаше, а стариот не се топеше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ноќта беше мирна и единствените звуци доаѓаа од нејзините нови станари.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Она што му беше дом задрема во својата самотија, под меката покривка на новиот снег.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сигурно негде по високите планински врвови, кои уште од есента беа забелени, ноќва напаѓал нов снег, па неговата студена миризба се шири по планината, им се заканува на сѐ уште црните ридови, кории, долини.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше и преморен, но знаеше дека сега не смее да стои, не смее да се одмора, па тргна по патчето што новиот снег веднаш го постилаше со бел лизгав чаршаф, им ја отвори вратата на овците и ги пушти да пијат вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Имаше големи зими, и имаше голем снег кога куќата на ридот од Профим ќе се затвореше целата: со еден снег што озгора паѓаше, и со друг што оздола растеше, кога кучињата риеја со муцките да си направат пат од едно место до друго, кога кокошките ќе се запретаа во него и не ќе можеа да се одлепат како пеперутка од мед, кога луѓето со лопати секое утро ја ринеа истата патека што водеше од куќата до плевната или сокакот, ослободувајќи ја од новиот снег што напаѓал ноќта, - но оваа зима и овој снег, ниту бил, ниту ќе биде, велеа луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но така е до разденувањето, а штом ќе се развидели, луѓето продолжуваат со лопатите да го чистат снегот, да отвораат нови премини или да ги продолжуваат оние патеки што ги оставиле вчера или кои новиот снег ги зарамнил; се собираат на широкиот пат крај езерото и зборуваат за сè и сешто, а најмногу за мобилизацијата, за своите најблиски од кои немаат никаков глас и за кои не знаат каде ќе ги истават коските...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во градината нов снег наврна по февруари тмурен.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Планинава сѐ уште измислува нови снегови Кога ќе оддели миг за умореното лето што лежи на падинава оковано со булки?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)