нов (прид.) - секретар (имн.)

Зашто, ако заминеше и на негово место се избереше нов секретар, тој сигурно веднаш, штом ќе ја отвореше касата, ќе дојдеше до тајната директива и можеше да ја активира поради видливата агресивност на козите и со тоа би напреднал во кариерата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вечерта беа дошле да изберат нов секретар на Месниот комитет, бидејќи чичко Анѓеле беше партизан.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Вечер ќе се избере нов секретар и ќе се изврши измена на Месниот комитет во Мацково.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Сега добивме и нов секретар.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)