нов (прид.) - руво (имн.)

Времето минуваше. Залезот на сонцето го облече пејзажот во ново руво. Синевината и таа како да заоѓаше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оваа плоштатка при секоја посета ми се претставува во ново руво; така беше и овој пат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не ќе се слуша повеќе звукот на воденичното тркало ќе замре во млинот со ново руво.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)